Какви чекори презема одбраната, дали поднесовте кривични пријави и кој сè ќе биде опфатен во поднесокот?
Миланов: Кривичниот суд со последното соопштение од 10 јануари 2020 година за различниот третман за две поротнички во два различни предмети во суштина призна дека одбраната била во право со своето барање поротничката Лилјана Кочковска да не може да постапува во ниту една судска постапка поради истекот на нејзниот мандат од четири години. Сметаме дека доколку на 13 јануари поротникот Лилјана Кочковска присуствува на рочиштето, ќе се исполнат законските претпоставки да се смета дека е сторено кривично дело, со што ќе видат преземени дејствија евентуално со поднесување кривични пријави. Во однос на кого и кога ќе бидат евентуално поднесени пријави, ќе се одлучи веројатно во текот на 13 јануари-вели за „Република“, адвокатот на Јанакески, Еленко Миланов.
Comments are closed for this post.