Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВИАДУКТ ТРЕЈД известува дека на ден 04.06.2019 година ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Штип-Крупиште, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.
РАБОТИ НА ПАТ:
Mакедонијапат известува дека од 29.05.2019 – (среда) во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137 на делот помеѓу млекара Дуброво и село Војшанци. За време на изведувањето на асфалтерските работи, во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16 часот. Како алтернатива ќе се користи патниот правец Демир Капија – Корешница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.
Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Comments are closed for this post.