Во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Титаник 2“, откако обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков беше спроведен од затворот „Скопје” каде што ја издржува мерката притвор од 30 дена за случајот „Империја“.
Мијалков беше со полициски возила преку гаражите во судот.
Во судницата се присутни и другите обвинети за „Титаник 2“.
„Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Покрај Сашо Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев
Comments are closed for this post.