Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Занаетчиската комора Скопје при што беше запрашан зошто сметаат дека треба да има избори и дека изборите се излез каде јасно одговори дека избори се потребни затоа што власта не ги решава проблемите и потребите на граѓаните и дополнително ги усложува и проблематизира.-
Па цениме дека во актуелната состојба во која што Македонија се наоѓа денеска не само што не ги решава проблемите на граѓаните и потребите на граѓаните туку и дополнителни ги проблематизира, ги усложнува и цениме Владата наместо да решава проблеми станува најголема пречка односно станува самата по себе најголем проблем. И кога вие имате еден таков проблем тогаш логично е да тој проблем го решите на еден начин, тоа е да ја замените односно тој проблем да го решите така што ќе дојде некоја влада која што наместо да создава проблеми, проблемите ќе ги решава, рече Мицкоски.
Мицкоски порача дека колку побргу има избори толку помалку проблеми ќе има идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за нивно решавање.-
Бидејќи оваа влада можеме сите ние да заклучиме дека е влада полна со криминал, полна со корупција, немаме структурни реформи, кадровски решенија кои што поминуваат ден за ден и создават проблеми наместо да решаваат проблеми, така што колку поскоро, колку побргу од денеска ќе имаме избори и секако за неколку месеци од денеска доаѓаат и редовните толку помалку ќе има идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за решавање, а јас очекувам дека конечно ќе се свестат луѓето во владата и конечно заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој што ќе ја дефинираме датата за следните избори, кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.