Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата, напиша денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако Зоран Заев не го прифати понудениот тв-дуел со него.
А, ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел – напиша Мицкоски.
Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 12 September 2018
Comments are closed for this post.