Аферата „Паразити„ покажува еден нефер третман на граѓаните во Македонија.Додека секој просечен човек едвај врзува крај од први до први, една мала група послушници на власта која на грбот на сите граѓани енормно се богати и има огромни примања,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“.
Тој објаснува дека од Владата слушаме како ќе ги намалувале платите, паушалите, хонорарите а од друга страна гледаме како овие послушници се богатат и стануваат милионери во еден мандат и заработуваат по неколку стотици илјади евра.
Тоа е еден лицемерен однос и двојни стандарди од страна на Владата кон граѓаните и го покажува вистинското лице. Ова Влада по сите параметри е најнеуспешна и најманипулативна. Има работи кои ги прават со намера а има и работи кои не знаат да ги прават и сето тоа кога ќе се обедини во еден мозаик доаѓаме до оваа афера „паразити“-дециден е Мицкоски.
Comments are closed for this post.