Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод стравтната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, во која животот го изгубија 13 лица.

Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите.

Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа.

ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне.