Најголемиот македонофоб, Андреј Ковачев, лично ме напаѓа, а јас никого не мразам во животов. Јас ги почитувам сите наши соседи, сите народни кои не опкружуваат. Кога Ковачев, Каракачанов се македономрасзци, кога ќе сфатат дека постоела македонска нација, постоел македонскиот народ, колективната меморија на македонсиот народ е многу порано од тоа што они мислат. тогаш ние можеме да градиме пријателски односи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип.

Овој македонски народ постоел, кажа Мицкоски, и пред Илинден, и за време на Илинден и после Илинден.

Македонскиот народ постои денеска и ќе постои во иднина, колку тоа да не сака да го признае македономразецот Ковачев кој за жал е дел од европарламентот, и треба да промовира европски вредности. Тој треба да бара одговор на прашањата и да се извини за политиката која ја гради кон Македонија, тој треба да дозволи да ги отпочне преговорите Македонија со ЕУ, бидејќи овој народ секогаш бил на страна на вистинските европски вредности“, рече Мицкоски.