Денес интервју за „Радио слободна Европа“ имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека сите слуги на Зоран Заев ќе завршат како Катица Јанева, пуштени низ вода.
Довербата ние во Кацарска судството и Русковска обвинителство одамна ја загубивме. Ние чекаме од тактички причини да видиме до каде ќе се дават во жива кал заедно со налогодавачот. Затоа што тој е свесен дека тоне во жива кал, ама не знам дали и тие се свесни дека ги влече со него. Затоа во една прес конференција реков погледајте ја сликата на г-ѓа. Јанева со качулка на глава и лисиците на рацете. Сите оние кои што денеска му слугуваат и се умилкуваат во скутот на Зоран Заев така ќе завршат, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде ако Зоран Заев оцени дека е потребно тој да се спаси сите други низ вода ќе ги пушти како Катица Јанева.
Comments are closed for this post.