Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата „200“ на Алсат М, коментирајќи ја кризната состојба и зошто не треба да има лидерска кај Пендаровски, вели дека не се препознава разлика помеѓу ставовите на Заев и Пендаровски.
Баравме кризна состојба, тогаш не убедуваше сите нас дека нема потреба од кризна состојба, ниту имаме капацитети, сега гледаме дека песничка си пее со кризната состојба, потенцираше Мицкоски.
Вонредна состојба се носеше за да се менуваат закони, а се со цел да се дообие предност на една политика елита. И сето ова, не гледам разлика помеѓу ставовите на Заев и ставовите на Пендаровски. Уште повеќе што Заев самиот вели за Пендаровски, неискусен политичар, нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека потребно е да се седне и отворено да се разговара како да се придонесе за интересите на државата, но власта мора да ги сподели сите информации кои и поседува, а не средба на која власта сака само климање на глава.
Comments are closed for this post.