Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Куманово испрати порака дека по победата на претседателските избори ќе бара да се формира влада за национално единство, за потоа, како што кажа, Заев да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори.Притоа најави дека неговата партија ќе излезе со најобемна програма до сега за парламентарни избори.
„Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се базира на три суштински вредности, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, економија и ширење на националниот дух и ширење на македонзимот“, нагласи лидерот на опозициската партија.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ниту еден човек, без разлика дали бил од првата, втората или третата генерација во партијата.
„Подготвен сум за сите грешки од минатото, без разлика од која генерација, да ги прифатам на себе. Јас сум тој кој што сега го предводи ВМРО-ДПМНЕ. Јас прифаќам на себе сѐ, но подготвен сум истовремено да понудам и решенија за тие грешки, а сѐ што било добро да го проширам, надградам и иновирам и најобемната програма ќе ја видите на следните предвремени парламентарни избори“, најави Мицкоски.
Comments are closed for this post.