Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се генерација на нови политичари, кои ги почнаа промените, и во овие триесет години Македонија немала луѓе кои работеле попосветено и посилно за да се придвижат работите. Без ниту еден скандал за 100 дена, чесно и со мисла како да се служи на народот тие промени ќе се шират и ќе бидат позитивниот ветар кој и треба на Македонија, рече синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отчетот за 100 дена градоначалници.
Не го кријам задоволството од сработеното, затоа што се сеќавам на часовите и деновите заедничка и посветена работа да направиме нешто добро за граѓаните. И притоа овој резултат од повеќе од 1.000 проекти за само 100 дена е дотолку повеќе успешен затоа што се затекна хаос, вистинска катастрофа во општините, цунами од проблеми за кои многу ретко зборував овие три месеци.
Сепак, Мицкоски нагласи, дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затекнале општини во кои изминатите четири години не се работело.
Андон од Гевгелија, вели барем еден проект за градба за нешто да изработиле, за да има од каде да почнеме. Не нула, минус се работело. Малата општина Илинден за жал е со вкупен долг од над 4.300.000,00 евра. Пет милиони евра долг на Општина Прилеп. Повеќе од 5.5 милиони евра долг на ЈП Исар во Штип. Малата Брвеница со долг од 1.5 милион евра. Или Општина Ѓорче Петров која во првиот месец мака мачеше да исплати плати, па згора на тоа наследи нова општинска зграда која беше ограбена. Не го говорам ова за да наоѓам оправдувања туку само да ја потенцирам каква е борбата и на Аце, и на Андон, и на Александар, и на сите оние кои што изминативе 100 дена работеа и ги решаваа проблемите и го средуваа хаосот што го наследија од нивните претходници од Социјалдемократскиот сојуз.
Во излагањето Мицкоски се осврна на, како што рече, процес кој што се случува во државата, а тоа е акција на оркестрирано и систематско уништување на единиците на локалната самоуправа од страна на централната власт, од страна на Владата на ДУИ администрирана од Ковачевски, СДСМ.
Првата е намалувањето на дотациите и трансферите кои по закон следуваат од централниот буџет кон општините за нормално работење. И наместо сумата да се зголемува како што тоа во случај изминативе четири години, општините кои го полнат буџетот и се столбот на економскиот развој да се развиваат имаме обратен процес на свесно осиромашување. Владата намерно, свесно, смислено, злобно ги крати парите кои што следуваат како дотации за вработените во градинките, во образованието, и во општините каде што градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или Коалицијата.
Втората причина дека ваквото систематско осиромашување постои говори и фактот дека ударот од енергетската криза е токму врз општините, а тоа значи на самите граѓани, додека владата не прави ништо за да помогне. Владата ја донесе кризата, а општините ја плаќаат. Имено сметките за струја вртоглаво растат, а испорачувачите на електричната енергија ги откажуваат договорите за снабдување со струја. За 4 до 5 пати повисоките сметки треба да се платат со парите на граѓаните, а тоа значи дека ќе има помалку пари за реализација на капиталните проекти. Сето ова силно ги осиромашува општините, а владата не помага.
И утре доколку се случи ескалација на оваа состојба секој еден граѓанин во Македонија треба да знае дека вината за ова лежи во неспособната и криминалната влада на ДУИ и СДСМ.
Мотивот позади ваквиот систематски атак врз општините од страна на централната власт е политички и исклучиво поради личните и партиски интереси на дружината ДУИ – СДСМ кои наместо времето за работа го користат за криминал, и опструкции на другите кои работат, градоначалниците, советниците, административците во новата администрација предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се она што оваа власт не е. И треба владата да знае дека ударот врз општините значи удар врз својот народ. А, која влада удира по народ, на таа влада и се случува – народ, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.