Мицкоски вчера во интервју за Сител, најавувајќи ја координацијата, кажа дека ќе водат жестока дебата по поднесените нацрт-амандмани за уставните измени на комисиската, а потоа и на пленарната седница.
Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во рамки на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано пред јавноста, кое едно зборуваа претходно, а друго имплементираат на дело, рече Мицкоски.
Тој потврди дека во моментот има нова реалност во Собранието, односно 80 пратеници кои гласаа за потребата за отпочнување на уставни измени, но рече и дека процесот е долг и допрва продолжува.
Предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, е единствена точка на дневен ред на за утре закажаната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот лидер на партијата.
Груевски најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.
Comments are closed for this post.