Имаме една состојба каде што нема државата своја мафија, туку мафијата има своја држава. Затоа луѓето ја изгубија довербата во системот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија додавајќи дека граѓаните имаат изгубено доверба во системот, а државата оди во провалија бидејќи со неа владеат најкриминални и најкорумпирани и затоа потребни се предвремени избори и ресетирање на системот.
Довербата во институциите е загубена и не постои бидејќи не владее правото, туку владеат криминалци. Еве во тек од едно деноноќие изгореа автомобил на обвините, бараки ја јавно претпријатие од Град Скопје и ако е точна информацијата опожарено возило на претседател на комора за енергетика – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба граѓаните да ги извлечеме од оваа летаргија и да ја вратиме довербата во институциите.
Огромно мнозинство од граѓаните живеат лош, живот, луѓето се разочарани демотивирани. Во институциите владее недисциплина, нема кој да дојде со стратегија и визија и затоа ни е потребно да го ресетираме системот и да почнеме од почеток. Вака не оди, одиме во слободен пад и провалија. Во овие луѓе нема капацитет, резултатите говорат, најкорумпирани и најкриминални, најлошо со ковид кризата, катастрофа во образование – изјави Мицкоски.
Мицкоски ја повика власта да се охрабри и да излезе на избори, бидејќи државата повеќе не смее да тоне. Според него на предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 15-20 пратеници разлика.
Comments are closed for this post.