„Сиљановска со својот личен, но и професионален минат труд дома и во странство, тимот на експерти од дома и врвните експерти кои застанаа позади Гордана, вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи во судството, да креира повеќе работни места, повисоки плати, пензии, реновирани болници, а сето тоа го гарантира Гордана Силјановска Давкова, нас ни треба огромна поддршка на 21 април“, порача од Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека нема втор избор и потенцираше дека ќе се бори се додека не ги видел политичките измамници на вистинско место .
„Јас немам втор избор ќе се борам се додека не ги видам овие политички измамници на вистинското место онаму каде припаѓаат и ветувам од тоа место ќе ги почестам со едно селфи со мене за да паметат што направија со нивната татковина и за нивниот народ“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.