Да го изразиме нашиот револт и несогласување со сите овие корупциски скандали, со сите овие погрешни политики кои оваа ненародна и корумпирана влада предводена од аболиран политичар ги прави во нашата држава, истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестниот марш.
Сакам да ви се заблагодарам на вас најхрабрите кои што се одваживте и оваа среда но и идната среда и секоја наредна среда, и четврток и петок, и понеделник и вторник да ни се придружите овде пред платото на Владата на Република Македонија. Низ улиците, низ булеварите и плоштадите, во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори. Но, да ги поздравам и оние кои што се дома денеска, кои што од оправдани причини не се денеска овде со нас. Но знам дека срцето нивно е овде со нас токму пред Владата на Република Македонија и ни даваат поддршка. Но затоа што се притиснати, прогонети од самонбедисаните функционери именувани од овие луѓе внатре и им се закануваат. И им се закануваат на нив, на нивните семејства да не бидат дел од овие протестни маршови. Зарем тие се тие европски вредности за кои се бориме? Зарем таа е таа европска придобивка која што Зоран Заев и луѓето околу него ни ја продаваат? Зарем тоа се сите оние протреси, протреси им правеа на нашите браќа. Протреси им правеа на нашите поддржувачи минатата недела. Во 5 наутро им упаѓаат во дома наоружани со заби по нарачка на Зоран Заев и Оливер Спасовски. За што? Да најдат петарда, и да ги малтретираат цел ден во полициски станици – изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.