Штотуку бев во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа во Градската општа болница 8-ми Септември. Им посакав побрзо закрепнување и враќање во секојдневниот живот кај нивните најблиски, силна волја, утеха и надеж, нашите молитви се со нив. Македонија е во црно поради страшната несреќа. Голема е тагата за оние кои ги загубија животите. Слава им. Бог да е со нивните семејства во овие тешки мигови, информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук.