Бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова покажува дека е спремен целата држава да ја стави во заложништво само за да се обиде да се спаси себе си, изјави денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека Заев има еден приоритет, а тоа е како да одбегне одговорност за сите скандали и афери кои се провлекуваат за неговото име и неговата влада.
-Никој во оваа држава не верува повеќе во тоа, да сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада. Никој не верува во тоа да сме прогласени за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата. Никој не верува во тоа, да за 3 години нема ниту еден процесуиран сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство. Не е до законот за обвинителство колку што е во анкетите и навигацијата кои Заев ги добива секој ден, а кој покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев, кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и одбегне одговорност за сето ова, потенцира Мицкоски.
Comments are closed for this post.