Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ги коментираше постапките на Обвинителството во престрет на изборите.
Доаѓаат изборите, и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството.
Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон.
Тужбата на Русковска за видео спот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациониот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелациониот суд очигледно ја уважува “душевната болка и претрпен страв” од спот, во исто време кога кај народот душевна болка тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши се уште хараат низ Светот со пасошите на Спасовски, тоа што парите од рекетот никогаш не се дозна каде завршија, тоа што нема пари за лекување на граѓаните, а има за милионска противпожарна скала на Шилегов.
Ако мислат дека ќе не исплашат, се лажат.
Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат!
Правдата ќе ги стигне и нив.
Comments are closed for this post.