Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска на 7-годишнината од смртта на поранешниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, оддаде почит на неговиот гроб на градските гробишта во Тетово.
Џафери почина на 64 годишна вораст по претрпениот мозочен удар. Боледуваше од Паркинсонова болест, што беше и причина за неговото повлекување од политиката во 2007 година.
Беше познат по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија. Тој е еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор.
Арбен Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948.
Comments are closed for this post.