Во една влада каде што пола од министрите се Албанци а 80 отсто од економските ресори ги водат Албанци капиталните инвестиции во албанските средини да се на два посто, праша во вестите на Сител Изет Меџити, предводник на незадоволната група која бара промени во ДУИ.

 

Децентализацијата не е придвижена, ништо не е превземено за официјализирање на албанскиот јазик.Сакаат цело време да се фалат со инфраструктура, а патот Скопје-Блаце за пет години два километри се направени, Кичево-Струга тапка во место а за Коридорот 8 само ни покажуваат некои снимки но работите никако да се придвижат.Во источна Македонија е поинаку, кон бугарската граница се вози 120 на час, беше пуштен и експресниот пат Штип-Валандово – објасни Меџити.

 

Бараме да не се губи контактот со реалноста, бидејќи цениме дека ДУИ го има изгубено контактот со реалноста.Добро е што после нас и тие се среќаваат со граѓаните.Целта е да се слушне гласот на гласачот на граѓанинот а не на тие што се на позици, оти тогаш пак нема да се добие реалната слика. Убедени сме дека сме во право и ќе дојдеме до компромис-смета поранешниот градоначалник на Чаир.