Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис претпладнево пристигна во Владата на средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Матис со највискоки државни и воени почести беше пречекан пред Владата од Заев, Шекериска и други владини претставници.

По разговорите на двете делагации предвидени се заеднички изјави на Заев, Матис и Шекеринска.

Американскиот секретар за одбрана допатува изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, и по пречекот од министерката Шекеринска и амбасадорот Џес Бејли, замина во Владата на средба со премиерот Зоран Заев.

Матис во пресрет на посетата на Македонија најави дека доаѓа да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Русија во процесот.

Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.

Џејмс Матис е првиот американски секретар кој ја посетува Македонија во изминатите 14 години.

 

Во живо: Свечен пречек на Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Матис.

Posted by Zoran Zaev on Monday, 17 September 2018