Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова во Детроит се сретна со Меријан Илич и ја доби наградата „ќерка на Македонија.

Меријен Илич, е прогласена за трета најбогата жена. Богатството на Меријен, според „Boardroom“ е проценето на 6.9 милијарди долари. 92 годишната Меријен, исто како нејзиниот сопруг има македонско потекло, од селото Буф, леринско. Мериен по своето богатство ја има отставено зад себе и кралицата на шоу бизнисот Опра Винфри која има заработено „само“ 3,1 милијарди долари.

Меријен е родена во Дирборн, Мичиген, од македонски родители кои имигрирале во САД. Напорната работа и решителноста беа камен-темелници на нејзиното воспитување, атрибути кои формираа претприемачки начин на размислување што таа ќе го носи со себе до крајот на нејзиниот живот.