Извештајот е успех, треба да си честитаме, се гледаат опипливи чекори кои покажуваат оптимизам. Има крупни позитивни чекори во изминатите 3 години. Има судии кои веќе не се дел од правосудниот систем. Постои само една поделба на судиите и обвинители – професионални и непрофесионални. Можеме да постигнеме консензус со опозицијата“ – рече министерот за правда, Бојан Маричиќ во Студио 10 во врска со Извештајот на ЕК што се однесува за Македонија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вели дека секогаш се подготвени за дијалог.
Македонија многу години исполнува услови за почеток на преговорите. Да создадеме заеднички работни групи, имало и негативни, но имало и многу успешни закони кои ги донеле власта и опозицијата. Треба законски норми да се подобрат во правосудството. Перцепцијата е дека сите судии и обвинители се корумпирани, но сите не спаѓаат во таа група“ – вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во Студио 10 на ТВ24.
Comments are closed for this post.