Малите партии час поскоро да ја напуштат коалицијата на Заев за да не си го газат своето достоинство, порача денеска во Штип опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
Коментирајќи ја одлуката на владата да даде негативно мислење за предлогот за една изборна единица и отворени листи, Мицкоски вели дека менувањето на ставови од страна на Заев не го изненадува.
Тој вели дека Заев постојано ги лаже малите коалициони партии и на тој начин го гази нивното достоинство. Смета дека тие треба да ја напуштат неговата коалиција.
Малите партии треба час поскоро да ја напуштат таа коалиција, ако сакаат да си го зачуваат достоинството – рече Мицкоски при посетата на Штип.
Comments are closed for this post.