Македонците не губат сон поради изгубените долари од програмите на УСАИД, а всушност, некои и искрено слават што програмите се укинати, пишува хрватски „Директно“ во анализа во која се известува за реакциите по одлуката на претседателот Трамп да ја запре работата на УСАИД.

Во текстот кој е преземен од Политика Проект се посочува како програми на УСАИД биле користени за финансирање на активисти кои ја организирале Шарената револуција, со чија помош беше урната претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?t=1403&v=KIyWuxcuNbQ&feature=youtu.be

Да не заборавиме на Сорос (име кое не е многу омилено во овој дел на светот). УСАИД додели милиони на неговата Фондација Отворено Општество, за која се вели дека одиграла клучна улога во обуката на младите активисти да се мобилизираат против ВМРО-ДПМНЕ. Како шлаг на врвот, групите поддржани од Сорос дистрибуираа копии од „Правила за радикалите“ – озлогласената книга за организирање на левичарските активисти кои ги водеа протестите и кампањите на социјалните мрежи. Овој чин беше оценет како провокација, пишува во анализата на авторката Савана Хамилтон.

Во текстот се посочува на неодамнешното интервју на емисијата на Тим Пул, каде поранешна американска дипломатка опиша како во 2017 година македонските власти барале од штотуку именуваниот претседател Трамп да ја запре операцијата за менување на власта, но реакција нема.

Во анализата се прави осврт и на финансиите кои УСАИД ги има издвоено за медиумите во Македонија.
– Според достапните информации, УСАИД вложил милиони во медиуми како што се 360 Степени и Телма. Со сета должна почит кон овие медиуми, но за нив генерално се смета дека се наклонети кон лево. Се поставува прашањето зошто сите пари оделе кај нив додека десно ориентираните медиуми беа запоставени? Во Скопје велат дека овие медиуми одиграле важна улога во претставувањето на ВМРО-ДПМНЕ како „антиевропско“ и, се разбира, „проруско“. Непосредно пред изборите во 2024 година, американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан на бизарен начин и даде поддршка на СДСМ преку интервју на 360 Степени, велејќи им на Македонците: „не би купиле автомобил од таа личност (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски), па мислам дека не треба ниту да гласаат ниту за него“, пишува во анализата.

За реакцијата на македонските власти на одлуката на Трамп, се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски ставил до знаење дека „ова е повик за будење за земјата да застане на свои нозе“, при што ги засилува напорите да обезбеди нови инвестиции и финансирање на потребите на Македонија, но без условувања од надвор.
Гласините велат дека Мицкоски се чувствува прилично смирен и самоуверен, каков и да биде исходот, со оглед на неговите добри односи со актуелната администрација на Трамп, пишува во анализата, во која се потсетува на посетата на претставници на администрацијата на Трамп на Македонија, како и возвратната посета на Мицкоски на Вашингтон за време на инаугурацијата на Трамп.

Извор „Директно.хр