Македонско – грчкиот Договор јасно ги дефинира термините Македонец, Македонка, македонско, македонски и трајно ги заштитува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност за никој повеќе да не може да ги негира или оспорува.
Ова е одговорот од СДСМ на прашањето кое денеска го поставија од ВМРО-ДПМНЕ што ќе се менува во Уставот.
Крајно време е матрицата на ширење лажни вести ВМРО – ДПМНЕ да ја замени со искрена, одговорна, државотворна поддршка за македонската иднина, за членството на Македонија во ЕУ и НАТО и успешност на претстојниот референдум.Тука сме да му помогнеме на Христијан Мицкоски за да се охрабрат, да размислат и да донесат став за референдумот, за иднината.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат доволно време да се приклучат кон мнозинството граѓани и да дадат поддршка за како што наведуваат во реакцијата на процесите што водат во ЕУ и НАТО.
Comments are closed for this post.