„Оваа влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик“ изјави премиерот Зоран Заев на првото чествување на Денот на македонскиот јазик кој се одржа во Свечената сала на Владата.
Како влада сме подготвени, да вложуваме во капацитети што ќе ја развиваат употребата на македонскиот јазик во земјата и во странство, заедно со сите оние кои сакаат да придонесат за афирмацијата на македонскиот јазик“, посочи премиерот Заев.
Еден ден подоцна, заради изборот на претседател, од оваа година 5.мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец.
Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.
Директорката на Институтот за Македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, рече дека денеска му се пофалиле на премиерот дека во април годинава Институтот имал историска можност да одржи курс за подобрување на македонскиот јазик меѓу наставниците во Мала Преспа кои предаваат во училиштата во Пустец.
Грујовска се заблагодари на владата што во изминатите две години дала поддршка и целосно бил обновен и модернизирал институтот, но од премиерот денеска побарале како што правописот бил даден во слободна употреба за сите граѓани така сега и толковниот речник кој има 4.200 страници да стане достапен за сите жители во светот.
Според професорот Људмил Спасов, Советот за македонски јазик го предложи 5. мај да биде законски одбележан, а замислен е како оддавање на почит на мекедонскиот јазик од сите училишта, но не само од страна на Македонците туку и другите народи од Република Македонија.
Comments are closed for this post.