Две студентки од Македонија, кои изминатиов викенд решиле да го поминат во Истанбул, наместо релаксирачко тридневно патување, доживеале хорор-искуство. Платиле по 230 евра од човек за повратна авионска карта Скопје – Истанбул – Скопје и за три ноќевања во хотел во градот. Но, наместо тоа што им биле ветено, добиле единствено авионска карта во само еден правец.
Како што пишува Независен.мк сè почнало откако одлучиле да платат аранжман преку „Одмори се“, бидејќи само тие имале слободни аранжмани за еден од најбукираните викенди во туристичките агенции, бидејќи се поклопи со празникот 8 Март. Комуникацијата ја воделе со извесен Влатко Трајковски, кој на телефонскиот повик се претставил како вработен во Друштвото за туризам и услуги „Одмори се травел“ ДООЕЛ.
Тој им рекол дека во цената е вклучена повратна авионска карта со авиокомпанијата „Пегасус“ и платени три ноќевања во хотелот „Алепх“ во Истанбул. Трајковски им побарал парите да ги уплатат на жиро-сметка со назнака „патување во Истанбул“, што тие го сториле. Но тој не им дал никаков потпишан договор во врска со патувањето. Затоа, пак, во цената од 230 евра им вклучил и дополнителен багаж. Првиот сомнеж дека се можеби жртви на измама им се јавил кога по електронски пат ги добиле билетите, на кои било погрешно напишано презимето на една од патничките, но добиле ветување дека грешката ќе биде исправена.
Сомнежите им се засилиле при пристигнувањето на скопскиот аеродром. Имено, при чекирањето на билетите, им било кажано дека немаат платено за дополнителен багаж, па морале на самото место да доплатат дополнителни 20 евра.
Следниот шок следувал при пристигнувањето во споменатиот хотел, кога рецепционерот ги прашал: „Ќе платите во кеш или со картица?“, и им покажал дека за нив има само резервација, но не е платено сместувањето.
Поминувајќи ги следните два дена многу поштедливо, бидејќи буџетот планиран за џепарлак им се намалувал, одвај дочекале да дојде понеделник за да се вратат во Скопје. Но тука го доживеале последниот шок, кој бил најстресен.
Стигнавме на аеродромот „Субиха“ и веднаш се упативме кон шалтерите за чекрирање. Во нас ги имавме испечатените билети за назад, кои Влатко ни ги достави. Но девојката на шалтерот ни рече дека се фалсификат бидејќи нашите имиња ги немаше во системот на резервирани и платени билети кон Скопје“, вознемирено раскажува едната девојка.
Повторно ѕвонеле кај Влатко, и повторно бил недостапен. Прашале кога е следниот лет за Скопје и колку ќе ги чини картата, но следниот лет бил за три дена, а цената на картите ќе ги чинела 450 евра. Во паника дека се оставени на милост и немилост во милионски град, чиј јазик не го зборуваат, а и локалното население со тешкотија зборува англиски, се обиделе да најдат превоз до автобуската станица.
Имавме среќа кога стигнавме на автобуската, имаше слободни места во автобус одЦел
Целиот текст може да го прочитате на Независен.мк.
Comments are closed for this post.