Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот, сведочи за враќањето на САД на Балканот. Ова е констатација на двајцата претседатели – Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ .
Претседателот на Црна Гора додаде дека соработката со САД секогаш била гаранција за прогрес во регионот – според него Македонија му покажала на Балканот како се решаваат проблемите и затоа нејзиниот ангажман треба да биде награден од ЕУ.
Многу е охрабрувачко засиленото внимание на американската администрација кон нашиот регион и ќе помогне во блиско време да ги надминеме проблемите пренесени од претходниот период и уште поодлучно да тргнеме на патот кон економскиот и демократскиот напредок“.
Пендаровски и Ѓукановиќ рекоа дека евроатланската интеграција нема алтернатива. Зборуваа и за соработката во областа на економијата и образованието и спроведување на заклучоците од заедничката владина седница од минатата година. Двајцата претседатели се согласија дека меѓу двете земји нема отворени прашања.
Comments are closed for this post.