Македонија се наоѓа на 65. место на рангирањето на Светскиот индекс на мирот што го спроведува Институтот за економија и мир. Нашата земја има скор од 1933 исто колку и Грција.
Ваквото рангирање за Македонија значи напредок од 23 места во однос на претходното рангирање. Тоа е втор најголем пораст од вкупно 163 рангирани држави, а единствена земја што има поголем напредок од Македонија е Руанда, која направила скок од 24 места на рангирањето.
Што се однесува до земјите со највисок индекс на мирот, нема промени на првите две места, каде што се Исланд па Нов Зеланд. Во ова рангирање, во првата тројка има место и за Португалија, која има скок од две позиции. Првата десетка ја заокружуваат Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешката Република.
Од останатите земји од регионот, Хрватска се наоѓа на 28. позиција, Србија на 50., а Црна Гора е 67. на ранглистата. Овие три земји, заедно со Хрватска, Македонија и Грција се вбројуваат на листата на држави со високо ниво на мир. Затоа, пак, Босна и Херцеговина (81) и Косово (86) се во групата на земји со средно ниво на мир.
Најнебезбедна земја во светот е Авганистан, по што следуваат Сирија, Јужен Судан, Јемен и Ирак.
Индексот на мирот е алатка која има за цел да го сврти светскиот фокус кон мирот како позитивен, достижен и мерлив индикатор за човековите добробит и прогрес.
Comments are closed for this post.