Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска денеска е повикана да даде исказ во скопското обвинителство. Ова доаѓа откако пред само неколку денови обвинителството отвори истрага за двајца осомничени за убиство, од кои една е девојката на Пино, а другиот осомничен Али Ф. е во бегство. Осомничената девојка веќе е во 30 дневен привор.
По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен. Обвинителството тврди дека има докази дека девојката го намамила, додека Али Ф. го извршил убиството и заедно го сокриле телото.
Comments are closed for this post.