Ме приведоа затоа што извикував Македонија. Ова е диктатура
Вакво е објаснувањето коее за медиумите го дала Маја Трпковска, мајка на Пинета Секондо Пино која беше приведена во полициска станица. Заедно со уште две лица таа била приведена бидејќи како што велат од МВР не почитувала полициска наредба и го нарушиле јавниот ред и мир.
Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, објаснуваат од МВР.
По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен.
Comments are closed for this post.