Листата на пратеници пријавени за збор за предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата е долга. Според последните информации од законодавниот дома пријавени се 67 пратеници.

Пленарната седница за уставните измени може да трае максимум десет дена по што потребно е двотретинско мнозинство за предлогот да помине.

Доколку пратениците дадат поддршка за отворање на Уставот, допрва ќе започне постапката за уставни измени, при што на крајот на третата фаза потребно е уште една двотретинска поддршка за заокружување на процесот.