Водителката Лила Филиповска утрово била на распит во врска со случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Според првичните информации, Обвинителството за организиран криминал ќе испитува дали позајмиците, што Филиповска му ги давала на Боки 13 имаат потекло од земениот „Рекет“, кој нејзиниот добар пријател го изнудил од бизнисменот Орце Камчев. Станува збор за илјадници евра и притоа ќе се проверува дали тие се нејзини и доколку се нејзини како биле стекнатио и од каде потекнуваат.
Водителката Лила Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“. А, во текстовите објавувани за „Рекет“ се препознаваше како Лики.
Comments are closed for this post.