Обвинителката Ленче Ристовска после пресудата за „Таргет Тврдиина“ даде изјава пред медиумите дека Обвинителството е задоволно од пресудата, а се произнесе и во однос на притворот.
Во целина задоволни сме од пресудата затоа што се повтрдија сите наводи од обвинителството. Во однос на притворот, сметавме дека постојат основи за притвор, бидејќи постојат опасност за бегство, а денеска елабориравме дека имаше и други најави дека може за бегство, дозвола за престој во друга држава, мерката куќен притвор не може да се спроведе, и сето тоа доводено во корелација. Кај нас го реафирмираа ставот дека постојат оконости за притвор“, рече Ристовска.
Таа истакна дека таа и обвинителот Пеливанов, не биле тие обвинители кои имале информација во петокот дека Мијалков ќе бега.
„Со предметниот обвинител, не сме имале информации во петокот за Мијалков. Ние ако имавме уште во петокот ќе побаравме, како што беше јавноста, првите информации во саботата вечерта, веднаш штом направивме проверки, реагиравме. Не се точни информациите дека ние двајца сме имале податоци. Тоа треба да го прашате министерот што сакал да каже“, рече Ристовска.
Comments are closed for this post.