Градскиот комитет немаше донесено никаква одлука поврзана со протестите за „За заедничка Македонија“, истакна поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски на денешното рочиште за настаните од 27 април.
Тој убедува дека никогаш не бил контактиран од Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во врска со протестите.
-Апсолутно тврдам дека не ме контактирале ниту пак јас сум вршел притисок вработени во општината да одат на протест. Ако тоа не е така подготвен сум да седнам на другата страна, рече Латиновски.
Comments are closed for this post.