Поранешниот истанат член на СДСМ, Софија Куновска вели дека има притисок од граѓаните да се кандидира за градоначалник на Центар но оти се уште размислува.

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не сум ја донела конечната одлука. Сметам дека треба објективно да се гледа на работите, да се направат истражувања, затоа што се наоѓате во еден меур од ваши симпатизери, пријатели, поддржувачи, но веројатно има и една друга страна која треба со време да ја дознаете, а не на избори.