Фирма блиска до СДСМ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, станала главен дистрибутер и застапник на „Лотарија на Македонија“, објавува порталот Лидер.
Се работи за компанијата „Експанда“, која, според проверката во Централен Регистар е во сопственост на Методија Стефановски, познат како „Тоде Хардрок“ – бизнисмен кој во изминатите 30 години е во блиска поврзаност со владејачката СДСМ и некогашен сопственик на дискотеката „Хардрок“, во која се случи огромен инцидент.
Директор во фамозната „Експанда“ е неговиот шура, Златимир Милковски, кој во исто време е кумашин на сопругот на министерката Шекеринска, Божидар Јанковски (Бобо Дајнерс).
Спорединформациите на порталот „Експанда“ добила ексклузивно право да биде дистрибутер на производите на државната „Лотарија на Македонија“ а во исто време, поседувала и свои локации за коцкање и грепки низ Македонија.
За поврзаноста, од фирмата која ја води кумашинот на парот „Шекеринска – Јанковски“, се пофалиле и на нивната веб страница, expanda.com.mk, каде што „Лотарија на Македонија“ е посочена како партнер на „Експанда“.
Comments are closed for this post.