Граѓаните на општина Центар во недела го бираат својот нов градоначалник. Битката се води меѓу Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар, предложена од ВМРО-ДПМНЕ. После првиот круг кандидатот на СДСМ имаше предност од 1564 гласа. Достижна ли е таа разлика во вториот круг? Дали резултатите од првиот круг беа соодветни на очекувањата? Што ќе добијат центарци доколку дојде до промени во Општината? На овие и многу други прашања разговараме со Наташа Котлар.

Како ги коментирате резултатите од првиот круг?

Котлар: Добивте 1564 гласа помалку од противкандидатот, во советот влегоа многу повеќе советници од ВМРО-ДПМНЕ за разлика од минатиот состав. Разликата сега е само 1 советничко место.Котлар: Да бидам искрена не бев голем оптимист,со оглед на приликите во коишто живееме. Кога централната власт е на услуга на оние што сѐ уште се во локалната власт, ви раѓа определен сомнеж. Изненадувачки е колку има потреба нашиот народ, еве и вентарци, да го искажат својот став. Навистина многу ми значи. Без разлика кој ја има предноста во моментов, а кој ја нема. Тоа упатува на некои сосема нови тенденции во секојдневното живеење, и во локалната самоуправа, ако одиме понатаму и во централната власт. Кога ги споредувавме бројките од претходните и од сегашните избори, споредувајќи и други бројки, во однос на кандидат кој што е предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се добија најдобрите резултати во однос на претходни избори. Тоа ни влева верба дека во следниот период ќе бидеме и повеќе поддржани од луѓето. Кога ќе почне бранот на промените, вие тешко можете да го запрете. Да не заборавиме дека повеќето скопски општини добија градоначалници кои потекнуваат од опозицискиот блок.

Што вам како жител на Центар најмногу ви пречи во општината?

Котлар: Потекнувам од јадрото на Центар, од Градски ѕид, каде сум израсната и Капиштец каде долг период живеам. Ми пречи нехигиената, несредените паркинзи, неможноста луѓето да паркираат на едно соодветно место барем со едно возило. Ми пречи вревата која што се создава од главните булевари, ми прели вревата која се создава од вкрстените звуци кои доаѓаат од верските објекти. Ни пречи однесувањето на младите во доцните часови. Кога беше оној рестриктивен период за време на короната беше поспокојно. Сега младите наместо да имаат навечер воспитно културен живот имаат некои вревачки, со гнев преполн живот, па претпоставувам на тој начин ги изразуваат своите чувства, нереализирани желби… Постојано има стакло по улиците, треба внимателно да се чекори… Ми пречи пренаселеноста, несредените пазари, тие пак се атракција за странските посетители. И да, преголемата урбанизација при што едни со други си се гледаме од балконите, да не речам слободно можеме да си влеземе од стан во стан.

Кое е решението за таа врева за која зборувате?

Котлар: Прво мора да знаеме, едната врева доаѓа од сообраќајот, другата од други работи. Мора да се намали интензитетот на сообраќајот, за што е потребна соработка со Град Скопје. Во доменот на Град Скопје е јавниот транспорт. Ако имаме добро организиран јавен транспорт ќе можеме да ги организираме и помалите улици. Да се воспитаме дека не можете да одите на пазар со своето возило на само десетина метри од пазарот, да го оставите своето возило на улицата и да одите да пазарите. За тоа постојат две катни гаражи во непосредна близина на пазарот, и во Буњаковец и во Градски ѕид. Секој може пешки да оди со количка и да си испазарува, па да развие и социјален живот. Намалување на возилата и поттикнување на пешаците. Поставување на сврзни велосипедски патеки. Ние мора да го развиваме и тој начин на однесување или хуманизација. Ако тие нешта ги поттикнеме тогаш ќе можеме да се насочиме и кон други посериозни работи, овозможување на движење на луѓето со проблем со движењето, оние со колички.
Во однос на вревата која ја имаме сме со сериозна намера да се постават соодветни инструменти коишто ќе бидат поврзани со надлежните институции и детектирајќи прегласно емитување звуци да има доказ и да се санкционира. Дури имам и предлог од граѓаните, повозрасните, пензионерите, да бидат редари кои би укажале на врева и несоодветно однесување. Тоа ми е и во контекст на автомобилите со несоодветно забразување, односно брзината на возилата да се евидентираат и да можат да се изразуваат казна. Луѓето ми кажаа дека тоа е пракса и во Сараево, не мора да одиме понатаму. Доволно е таа пракса да ја земеме.

 

Целиот разговор слушнете го во видеоразговорот со професорката Наташа Котлар koе го водеше Билјана Бабиќ.