„Во ГОБ „8-ми Септември“ примени се 35 патници. Четворица се мртви.  Сите други 35 се сместени во новоотворениот траума центар, во текот на ноќта ќе им бидат извршени хируршки ургенции доколку е потребно“, изјави пред малку д-р Кристијан Костов, директор на ГОБ „8ми септември“.

„На Ургентниот центар се донесени 5 мина патници, од кои дел се со многу тешки повреди“, информираше директорот на Клиниката за трауматологија, Илир Хасани. 

Во автобусот кој и припаѓа на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 лица.

Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума