Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент 19,4, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој порача дека 19 нови странски инвестиции започнале со работа, дел се во градба, а дел, како што кажа, започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.
Тој ги спомена Чагатај Кабло од Турција , ВИК од Германија ,Теламон од САД ,Кранфилд Фаундри од Русија, Баумер Швајцарија, Мурат Тичарет од Турција, Дура САД и Кеслер Германија.
„Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација. На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите“, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.