Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.
Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.
„Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.
Comments are closed for this post.