Собранискиот спикер Талат Џафери, потпретседателите на Собраниете и координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии кои не се организирани во партенички групи утре ќе одржат координација за формирање на телото за помирување, соопштија од законодавниот дом.
По иницијатива на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“ на координацијата ќе има една точка на дневен ред, формирање на „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интерграција“.
Comments are closed for this post.