Томислав Тунтев од СДСМ, вчера си поднел оставка како пратеник и  координатор на пратеничката група на СДСМ.

На денешната седница, спикерот Талат Џафери ја констатираше оставката.

Тунтев не ја образложи оставката, но причината како што дознаваме е новата позиција – директор во Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

Кој ќе го замени во Собранието, засега нема официјални информации.