Со 115 гласови „За“ Собранието на Македонија едногласно го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19.
За нив како што ветија поддршка дадоа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, претходно за да се направи кворумот за почнување на првата од двете денешни седници мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, а кои во скафандери и во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред.
Comments are closed for this post.