Откако Кривичниот суд донесе одлука дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК, сега следува уште едно мислење од надлежното Обвинителство кое заедно со решението од кривичниот совет ќе биде испратено до Врховниот суд кој може да ја потврди, отфрли или преиначи одлуката на Кривичниот суд.
Потоа, конечната одлуката со која се одобрува или не екстрадиција на Томас Морина според македонскиот закон за меѓународна соработка во кривичната материја ја носи министерот за правда.
Реакциите пак кои доаѓаат од Србија се оштри и се во насока дека Македонија не го почитува меѓународното право.
Comments are closed for this post.