Доколку ве терата да потпишете договори за стерилизација ако гледате дека се криминални не потпишувајте, апелира Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до организациските директори на јавните здравствени установи во врска со понудениот договор од министерството здравство до клиниките кој се однесува на услугите за стерилизација.

Од Комисијата за здравство велат дека „додека се обидуваат да ја анимираат и манипулираат јавноста со почетокот на вакцинацијата, тие си продолжуваат и понатаму со штетните проекти и договори со кои криминално го демонтираат и приватизираат здравствениот систем во Македонија“.

Јавно ги прашуваме економските директори и оние кои ги водат финансиите на болниците. Ддали според новите договори кои што Ве тераат да ги потпишете, болниците и здравствените устаанови ќе трошат помалку буџет и помалку средства за стерилизација отколку до сега? Доколку е повеќе, дали е точно дека вредноста на стерилизацијата ќе се зголеми за 5 до 7 пати отоколку што беше до сега? Доколку повторно одговорот е ДА, апелираме до сите одговорни лица, ги повикуваме сите економски и медицински директори, да не склучуваат и да не потпишуваат договори во кои што одлуката за покачување на трошоците за стерилизација ја донел некој друг во нивно име и без никаква проценка зошто е потребно да биде таква цената, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму укажуваат дека ќе дојде време кога ќе треба да се објасни зошто и како е одлучено да се зголемат трошоците за стерилизација, ќе дојде време за одговорност, но таа нема да биде лоцирана во Владата и тие што донеле одлука, туку ќе биде лоцирана на тие што ги потпишале договорите.

 

АПЛЕЛ ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА ЈЗУ: АКО ДОГОВОРОТ ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НЕ Е ВО РЕД, НЕ ПОТПИШУВАЈТЕ!

Во меѓувреме, додека се…

Posted by Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ on Sunday, February 14, 2021