Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена сработија повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години, велат од ВМРО ДПМНЕ.
1090 проекти, за 100 дена, се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, општините и државата. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Проектите и делата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ.
И додека во општините каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се работи и има отчет за сработеното, во општините каде градоначалниците доаѓаат од СДСМ и ДУИ нема отчет, затоа што ништо не сработија, нема со што да се пофалат.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во периодот што доаѓа уште повеќе ќе интензивираат со работа и проекти за граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.