Партиите најавуваат измени на Изборниот законик пред локалните избори.Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но не беше прифатена верзијата на работната група од Министерството за правда, предводена од Александар Новаковски, адвокат и поранешен претседател на Државната изборна комисија.
Политичките партии, но и независни кандидати почнаа со интензивни подготовки за локалните избори. Засега може да се направи само груба контура на можни кандидатури за 80-те општини и Градот Скопје и тоа само за градоначалници, додека за советничките места се уште е премногу рано. Анализите во партиите се во тек, а главната битка ќе се води за Градот Скопје и поголемите општини. Несомнено, бројот на независни кандидатури би можел да зависи и од тоа дали ќе се намали прагот за кандидирање кој со последните измени на ИЗ од илјада беше зголемен на пет илјади.
Токму поради ова по иницијатива на граѓански организации, уставните судии на крајот на февруари со мнозинство гласови одлучија да ја оценуваат уставноста на членовите 17 и 18 од Изборниот законик, кои подржани од поголемите партии минатата година беа донесени во скратена постапка и без јавна расправа. И покрај ваквата одлуката, Уставниот суд се уште на седница не го ставил оценувањето на уставноста на членовите 17 и 18 од ИЗ.
Comments are closed for this post.